Тешка сообраќајка во Прилеп: Возило удри во двајца пешаци

На 10.12.2019 во 18.30 часот бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(47) од с.Лажани, прилепско, удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.