Сугарески: “Бpyтално се бopиме со opганизиpaниот кpиминал и кopyпциja” (Видео)

Вицепремиерот задолжен за бopба пpoтив кopyпциjaта и кpиминалот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, денеска беа во посета на граничниот премин Блаце, каде одржаа работен состанок со шефот на царинската испостава Блаце.

Директорот Сугарески истакна дека автоматизацијата и дигитализацијата што се спроведуваат во Царинската управа доведуваат до засилена одговорност, поради можноста за подоцнежна контрола и поради тоа улогата на Царината во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал е дел од мерките од усвоениот План за борба против корупција.

Исто така, најави и дека во текот на оваа седмица ќе се одржи експертски состанок помеѓу претставници на делегацијата на Европска Унија и Царинските служби на Република Северна Македонија и Косово на кој ќе биде разгледана можноста за воведување на концептот ONE STOP SHOP и на граничниот премин Блаце.

Проектите на заеднички контроли на границите (One-stop-shop) се спроведуваат како мерка со која се намалува можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцјалните документи кои ја следат стоката, а со тоа се намалува можноста за корупција и се зголемува стабилноста и сигурноста во целиот регион.

Проследете ја изјавата на Сугарески во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.