Во три часот по полноќ во Прилеп на улицата Карпалак се случила страшна сообраќајка. Според податоците од полицијата, возило Лада, со прилепска регистрација, управувано од 47-годишниот З.В. од Прилеп загубило контрола и излетало од патот, по што удрило во бетонски столб. Во несреќата, и возачот и неговиот сопатник Р.И. се тешко повредени и итно пренесени во болница.
Ќе бидат задржани под лекарски надзор.