Стоиљковиќ за Лидер: 50.000 српски гласови може да добиете само ако водите сметка за интересите на Србите

Во пресрет на српскиот национален празник „Свети Сава“ и Светосавската академија која во понеделник ќе се одржи во Скопје, од “Лидер” разговараа со претседателот на Пемократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ смета дека владата слабо води сметка за правата на Србите во Македонија и дека за во иднина било која власт да ги освои српските гласови во земјава, ќе мора да се потруди.

-Во наредниот период, било која влада во Република Македонија доколку не води сметка на остварувањето на тие политички интереси на српската заедница во Република Македонија, нема да може да смета на гласовите на србите во Македонија. Да ве потсетам, во република Македонија живеат околу 50.000 Срби. – вели Стоиљковиќ во интервјуто за „Лидер“.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.