Стевананџија: “Жртва за урбаната мафиja ќе е Сугарески, бидејќи потпишува се што ќе му кажат?” (Видео)

На денешната седница на Собранието како една од 125 точки се најде и Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој се планира да се донесе по скратена постапка.

Предлагач на Законот е Владата и Министерството за транспорт и врски, каде прв човек е Горан Сугарески.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница жестоко го нападна предлог законот и истакна дека власта планира да донесе ултра коруптивен закон.

“Се му се паѓа паричката на нашиот сограѓанин да биде жртвено јагне за некој локални и државни моќници. Сите закони кои ги потпишува се на негова штета. Анекси, подзаконски акти, сето тоа што не чини му паѓа парето тој да го потпишува”, истакна пратеникот обраќајки се до министерот Сугарески.

Целата дискусија околу спорниот предлог закон погледнете ја во продолжение:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.