Според Светска Банка Светска Македонија е најсиромашна на Балканот и во Европа

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории – пренесува “Netpress.com.mk”

До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари.

Производствениот капитал предвид ги зема урбаните површини, објектите, опремата и машините по тековни пазарни цени. Природниот капитал ги вклучува земјоделските површини, шумите, заштитените подрачја, резервите на нафта и руда. Човечкиот капитал го мери населението според статусот вработен/невработен и вредноста на вкупната заработка во текот на животот. Имотот во странство е збирот на сите долгови и побарувања на земјата кон надвор.

Целиот текст прочитајте го ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.