Спиркоска: Се редат кpивични приjaви за поcлушниците на Заев, Талевски и Јованоски

Со оваа власт во заминување и со функционерите послушници на Миле Талевски, Илија Јованоски и Зоран Заев, се чини дека органите на прогонот и судството ќе имаат полни раце работа после 15-ти јули, истакна на денешната прес конференција Кети Спиркоска, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Директорот на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација, Емил Јанески, е новиот висок функционер од Прилеп, кој ја продолжи листата на кривични пријави од МВР.

Имено против него СВР Битола пред неколку дена поднесе кривична пријава за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

МВР го сомничи Јанески за предизвикана штета врз буџетот на Водовод во висина од 2.300.000 денари.

Според пријавата која ја заработи тој во текот на 2018 година во име на претпријатието спровел постапка за набавка на „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција на која била постигната висока цена, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, Јанески донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“.

Како и во претходните случаи кога кривични пријави заработија директорите на Детски градинки, Еурокомпозит и Црн Бор, бараме Јавното обвинителство брзо да реагира и да ги провери сомнежите за злоупотреба на вакви милионски суми.

Со овој директор на чело јавното претпријатие го следат низа скандали, од кои еден таков беше и случајот со истекување фекалии, наместо технички исправна вода од пречистителната станица.

За овој случај ВМРО-ДПМНЕ објави јасни докази, фотографии и видеа, кои само за Јанески не беа вистина.
Бидејќи е познат по неговите чести настапи пред камерите, го повикуваме да кажи, дали и колку се офајдил од оваа зделка за која МВР му поднесе кривична пријава?

Почитувани сограѓани,

Изминува времето на молк и после 15-ти јули ќе одговара секој оној кој се огрешил пред законите.

Во Република Македонија правада мора да има! Обновата на државата е последна шанса за тоа”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.