Специјалист лекар од Прилеп: “Филипче го изигра чочекот”

Се уште се сме под имресии на првата трансплантација на срце во Македонија. Честитики до сите што учествува во овој процес, се разбира до кардиохирузите како најголеми ентузијасти затоа што од нула стигнаа до врвот. Трансплантацијата на органи е највисоко достигнување во медицината, а срцевета и белодробна транслантација најгоре во скалата.

Пишува: Доктор Кире ЈОНОСКИ

Но, дури министерот Филипче се фали со успехот како тој да направил нешто, да се потсетиме дека проектот државна кардиохирргија е дело на ВМРО- ДПМНЕ. Исто како што и проектот детска кардиохирургија беше дело на ВМРО-ДПМНЕ, а Филипче и СДСМ место да го унапредат, да изградат нови простории тие го упропастија, го продадоа на Жан Митрев, за да подоцна целосно згасне.

Додека ВМРО-ДПМНЕ има визија за државна кардиохирургија, СДСМ има визија за уништување на клиники, додека ВМРО-ДПМНЕ има визија за изградба на клинички центар, тие имаат визија за паркинг, додека некој има визија за реформа на брзата помош, некој сака да ја продаде.

Проектите во здравството се долгорочни и нивните успеси стасуваат по многу години. Треба да се состоват многу коцки за да се дојде до целта. Но, најважното што беше за унапредување на докторите е нивната едукација во светските центри која беше пракса во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и идењенто на светски еминентни доктори во Македонија. Сето ова СДСМ го укина нарекувајќи го здравствен туризам, а тој здравствен туризам го донесе овај успех на кој чекаа многу генерации. Се забранија едукациите и специјализациите во развиените држави и во овие три години ни еден доктор или друг здравствен работник не е појден на усовршување.

Како во иднина да очекуваме вакви успеси? Кој проект го имаат смислено или реализирано за подобро здравство во овие 3 години? Колку имате реализирано од програмата за живот? Најверојатно ве бива само за играње чочек на проектитет од ВМРО ДПМНЕ!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.