Со xyманитарна акциja за прв пат во Прилеп одбележан Светскиот ден на пpeдвpeмено poдени деца (Фото галерија)

Денеска по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња, во бифето на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп, се организираше хуманитарен настан.

Иницијатор за оваа акција беа група на мајки кои ги родиле своите деца пред 9-тиот месец од бременоста.

Настанот кој насекаде ширум светот се одбележува со низа хуманитарни акции за прв пат беше одбележан и во Прилеп, овие мајки се надеваат дека одбележувањето на овој ден ќе премине во традиција.

Во акцијата беа вклучени голем број прилепски компании кои донираа производи и ваучери за да потоа сите собрани средства се донираат на неонаталошкото одделение во Прилеп. Еден од иницијаторите на оваа акција е Данче Оклеска која оваа идеја ја добила од Англија, каде и се породила во 24-тата недела од бременоста.

„Моето бебе е родено во 24 недела во Англија. И сега овој ден го празнуваме на овој начин со тоа што локалните компании ни даваат помош и поддршка во производи и ваучери, тие ваучери ги ставаме како лотарија, но и други фирми директно донираа во болницата. Се надевам дека собравме доволно средства за да купиме нешто кое ќе и користи на болницата во Прилеп и неонаталогија. Мојата идеја беше поддржана од многу мајки од Прилеп, но имаме тука мајки и од други градови и се надеваме дека ова ќе стани традиција. Имаме и поддршка од болницата и во другите држави овие манифестации се одржуваат во болница. Ова кај нас е за прв пат и се надевам дека наредните години хуманоста ќе биди поголема и ќе помогнеме на мајките и болницата“, истакна Данче Оклеска за порталот “Инфо Компас”, организатор на акцијата и мајка на предвремено родено бебе.

Христина Цветкоска своето бебе го родила во 30-тата недела. Таа вели дека во Македонија е табу тема да се зборува за оваа ситуација икао се повеќе бебиња се раѓаат предвреме. Пред нашата камера го опиша целиот страв кога се родило нејзиното бебе, кое пак не и било дозволено да го види цели 40 дена. Секој ден била во исчекување дали тоа ќе остане живо или ќе почини.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.