Со 14 години е веќе изграден оперски и блуз пејач – Интервју со Михаела Пееска

13293083_590651814442853_1403111137_n

Mихаела Пееска е млад музичар чиј распон и можности на гласот веќе ги надминуваат оние на долгогодишните изведувачи на сцената. Со нејзините 14 години до сега има освоено многу награди и признанија. Класичната музика, операта, а особено блузот е нешто што неверојатно и прилега, и во што буквално растура. Михаела е музичар кој со сигурност ќе порасне во врвен уметник, кој верува во себе, или како што вели: Сакам да успеам и да останам во Македонија, а не да одам по светот како што денес тоа го прават младите. Сакам да вложам во мојата земја, тоа е мојот сон.

Михаела кога го откри својот талент за пеење и дали некој те насочи да продолжиш во водите на музиката или тоа беше самоиницијативно твоја одлука?

Па како мала на 3 години, како што кажуваат моите родители не сум знаела да сврзувам зборови, но добро сум пеела. 🙂

Како се појави интересот за истражување и пеење на сериозната, класичната музика, односно кога за прв пат Михаела запеа некоја оперска арија?

Со запишувањето на основното музичко училиште, и се разбира кога ме презеде професорката по соло пеење Леонарда Богданоска –Гиноска. Таа е виновникот за се она што сум го научила до сега. Оперска арија за прв пат испеав пред 3 години на завршетокот на учебната година. Мислам дека вкусот на мојата класна професорка и го погодив онака од прва. Беше се сеќавам изненадена од мене.

13296176_590651507776217_258572604_n

Пеењето опера е сериозен залак за млад изведувач како тебе. Сепак гледајќи ги наградите тебе ти успева итоа доста успешно. Каде се до сега имаш настапувано и какви се досегашните реакции?

Хммм…. Беше тоа пред едно 7 години, на детската емисија “Мали Таленти”, кога за прв пат јавно настапив со песна од Витни Хјустон. Реакцијата од жирито беше нескриена, 4-то место како ауцајдер од старт J. Подоцна се редеа фестивали, Mузичкиот Идол, хорови, Ковер фест, училишни смотри во музичкото училиште и.т.н. Реакциите …. Јас само пеам, публиката е таа која оценува.

Дали класичната музика и оперското пеење се главните твои музички приоритети или забавната музика ти е исто толку привлечна?

За класичната музика, по она што го слушам од луѓето кои ја разбираат, нивните реакции се позитивни, по она што го кажа мојата професорка вонсериски пеач … што ли ќе е тоа ?! 🙂 Од забавната музика, па се разбира тука ќе ги споменам моите фаворити: Бијонси, Ријана, Арета Фрeнклин, Џенис Џоплин, блуз, тоа е она во кое јас се пронајдувам себеси.

Кои се твоите желби, што сакаш да ги оствариш преку музиката?

Желби секој ги има, јас веќе одамна си го трасирав патот за музика, од кој нема враќање. Одам скала по скала, без да брзам, сигурно кога тогаш ќе успеам, им ветив на моите родители, одам на врв.

13329787_590650697776298_1253867383_n

Кои се твоите музички класици идоли и дали имаш некоја особено драга оперска улога или оперска арија?

Павароти од оперските пејачи, несомнено прекрасен баритон, а од оперските творци тоа се: Моцарт, Франц Шуберт, Антонио Калдара. Се што е убаво и кое го правеле врвните мајстори на музиката од VII ,VIII, XIX век, во време на Романтизмот, e и во мојот интерес.

13329723_590649767776391_631814446_n

За што следно се подготвува Михаела?

Следно, запишување во средното музичко училиште во Битола, изучување и школување на мојот глас, сакам да успеам и да останам во Македонија, а не да одам по светот како што денес прават тоа го прават младите. Сакам да вложам во мојата земја, тоа е мојот сон.

Која награда ти е особено драга, а која музичка награда сакаш да се најде во твоите раце?

Единсвена награда ми е публиката и нејзиното ракоплескање, за тоа живеам.

За крај, дали Прилеп има многу талентирани деца и што ви е потребно како млади изведувачи за да напредувате во вашите понатамошни кариери?

Да Прилеп има талентирани млади музичари, деца на кои им треба само мала подршка од општеството, разбирање. Вложува општеството во секакви спортови, зарем ние не сме амбасадори на сопствената држава?

13292924_590649524443082_820714989_n

13296265_590758144432220_1776785275_n

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.