Со шаховски турнир во Кривогаштани одбележан Светскиот ден на наставниците

Со шаховски турнир во ООУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани денеска беше одбележан Светскиот ден на наставниците.

Турнирот е организиран во соработка со Шаховскиот клуб „Прилеп“, а на него учествуваат наставници, ученици, родители и граѓани, кои преку шахот го одбележаа денот посветен на просветните работници.

По повод празникот, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, упати честитка до наставниците, заблагодарувајќи им се за нивниот труд и трпение во воспитувањето и образованието на младите.

„Почитувани наставници, ви благодарам за трудот и трпението со кои секојдневно ги учите и воспитувате нашите деца. Ви посакувам добро здравје и уште многу генерации ученици со кои ќе се гордеете“, порача Каравилоски.

Од Општина Кривогаштани упатија честитки до сите наставници по повод Светскиот ден на наставниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.