Подобрувањето на работничките права, условите за работа и животниот стандард на граѓаните беа во фокусот на денешната седница на Економско-социјалниот совет. За состанокот информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека соработката меѓу Владата, работодавачите и синдикатите е важна за надминување на економските и социјалните предизвици.
Според Мицкоски, Економско-социјалниот совет има значајна улога во усогласувањето на ставовите и интересите на сите засегнати страни, преку отворен дијалог и заедничко барање решенија.
Тој посочи дека конструктивната соработка меѓу институциите, работодавачите и синдикатите може да придонесе за создавање подобри услови за работниците, унапредување на животниот стандард и обезбедување стабилен економски и социјален развој.
На седницата биле разгледани актуелни економски и социјални прашања, како и можностите за унапредување на работничките права и условите за работа.
























