Сообраќајка на патот Прилеп-Градско кај Црна Река – се судрија две комбиња (ФОТО)

Сообраќајна несреќа се случила попладневно на патот Прилеп – Градско во близина на бензиската пумпа “Црна Река”, дознаваме од очевидци.

Според информацијата која ја добивме во несреќата учествувале две комбиња со скопски регистарски таблици, марка “Ивеко” и марка “Рено”.

Полицијата на лице место работи на откривање на точните причини за настанатата несреќа.