Сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Изгубил контрола и излетал од коловозот

На 08.12.2019 во 00.21 часот на стариот пат Прилеп – Битола и локален пат за с.Ношпал, Ѓ.Р.(27) од с.Мусинци, општина Могила, управувајќи патничко возило „фолксваген шаран“, со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Р. и бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.