Сончево но студено утро: Најстудено е во Берово и Скопје, десет сантиметри снег во Маврово

Утрово е најстудено во Берово и Скопје, минус пет степени, а максимални три степени се измерени во Крушево.

Според УХМР, -4 е во Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, -3 е во Штип и Гевгелија, -2 во Скопје (Зајчев Рид), Куманово, Прилеп и Маврови Анови, -1 во Охрид и Крива Паланка, 0 во Дојран и Претор, а еден степен е во Виница и Лазарополе.

Висината на снежната покривка е 10 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. На пониските места ќе има услови за локален слаб дожд, а на повисокте места и на планините со слаб локален снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.