Сонцето од Кутлеш ги огреа Арсенал и Ајнтрахт синоќа (ФОТО)

Иако на вчерашниот меч од Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Арсенал немаше наши играчи, сепак на стадионот во Франкфурт имаше македонски симбол. На трибината се појави македонското знаме од Кутлеш.

Тоа стоеше закачено на целиот меч а по голот на Саха од Арсенал тој со бакнеж отпоздрави кон делот на трибината каде беше закачено знамето.

Арсенал го доби гостувањето во Германија со 0:3, a стрелци на головите за “топџиите” беа: Вилок, Сака и Обамејанг.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.