Слушнете ја прекрасната балада “Збогум, збогум” на младата Кристина Колевска од Прилеп (Видео)

Kристина Колевска од Прилеп со својот блескав глас опасно се развива во еден врвен уметник кој за скоро ќе освојува сцени.

Со пеење започнала од уште од 7-годишна возраст. Музички започнала да се образува преку нижото музичко училиште во Прилеп, а веднаш потоа и во Државното средно музичко училиште во Битола.

Кристина сега студира соло пеење на Музичката академија во Штип и продолжува активно да работи на својот глас и страста кон музиката.

Има настапувано на повеќе државни натпревари каде има освоено повеќе награди за класична музика.

Денеска излезе нејзината прва песна насловена како “Збогум, збогум”. Teкстот и музиката се на Кристина, а аражманот за песната е на Жарко Настески – Точако.

Се работи за една прекрасна балада со многу чувства и емоција. Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.