Скокна од прозорецот на полициckaта станица со радијатор во раката (ВИДЕО)

На социјалните медиуми се појави интересен клип на кој се гледа како маж скока од прозорецот на полициската станица со радијатор врзан околу раката.

Тој скокна од прозорецот од првиот кат на полициската станица и падна на автомобил паркиран веднаш подолу.

Снимката, според извештаите на медиумите, е направена во Москва, но за тоа нема официјални информации, како и повеќе детали.

Идентитетот на човекот кој скокна не е објавен.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.