-На 11.03.2025 во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци – информираат од МВР.
Инаку како што потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци, повредениот возач бил приклештен во камионот, а во неговото извлекување учествувале пожарникари.
-По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.