Се согласувате ли дека е така? Просечната плата во април 41.085 денари, пресмета државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41. 085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.