Се асфалтира ул. “Леринска” во Битола (ФОТО)

Се асфалтира улицaта „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“ како дел од проектот за реконструкција на улиците, каде претходно беше изведена мешовита ( фекална и атмосферска) канализација и приклучоци за куќите – информираат од општина Битола.

Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вкупната должина е околу 206 метри, со дебелина на асфалтот од 7 см.

Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

-И со овој проект се подобруваат условите на уличната мрежа во градот. Општината продолжува со реализација и на други инфраструктурни проекти исполнувајќи ја програмата за работа и заложбата за подобри услови за жителите, стои во соопштението од Општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.