Села: Избори на пролет ако нема датум за ЕУ

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор.

Села истакна дека на пролет ќе се одржат вонредни парламентарни избори ако се случи тоа сценарио.

Инаку, Брисел денеска и утре одлучува за Македонија, а Заев вчера на прес-конференција со Хан побара лидерите на ЕУ да бидат херои, а не пречка и да не ги гасат светлечките ѕвездички за земјава.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.