Компанијата “АВТО КОНТРОЛ”, која важи за пример за општествена одговорност во Прилеп, денеска донираше лаптоп компјутер за потребите на Детското одделение во болницата “Борка Талески”.
-Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата “Борка Талески” од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница “Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, истакна Даниела Перканоска, генерален менаџер на компанијата.