Секој ден значи нова промена во основното општинско училиште “Климент Охридски”. Во изминатиот период новоназначениот директор Ахил Јаков постојано не бомбардира со новости кои ги реализира во институцијата која ја раководи.
Најново е уредувањето на школскиот двор, што го прави училиштето да изгледа уникатно и впечатливо.
Буквално секој дел си го најде својот пат и нов изглед. Сето ова изгледа мотивирачки и инспиративно, дека кога се сака она што се работи, од малите нешта може да се направи нешто што ќе плени сечиј поглед.