Секоја година, на празникот Преображение за време на литургијата се појавува мистеризен облак (Видео)

Секоја година, на 19 август (Преображение на Господ Исус Христос), за време на празничната служба, се појавува мистеризен облак над крстот од црквата Свето Преображение, на врвот на планината Тавор во Израел, кој потоа се шири и се спушта над верниците како животворна влага.

Оваа црква е изградена на местото каде што Исус Христос се преобразил пред апостолите Петар, Јаков и Јован и разговарал со Мојсеј и Илија, Евангелие според Марко, глава 9 (Исусовото преображение)… (…И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“)

Овој благодатен облак е едно од трите чуда што се случуваат секоја година во Израел, покрај благодатниот оган на Велика сабота и фрлањето на крстот во реката Јордан (Богојавление – Водици) кога реката почнува да тече во спротивна насока штом крстот ќе ја допре водата.

Руските и израелските метеоролози тврдат дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура и немаат одговор за овој феномен.

Сергеј Миров, кој учествува во истражувањето на руските и израелските метеоролози вели дека научниците заклучиле дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура.

Тој вели дека овој „благословен облак“ се спушта само на подрачјето на манастирот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.