Претстои бурна политичка година посебно на локално ниво, во пресрет на локалните избори во септември 2025.
Се чини дека СДСМ Прилеп прв ја почнал процедурата и како најсериозни кандидати се споменуваат дури четири имиња. Фаворит број еден е актуелниот пратеник и долгогодишен функционер, Миле Талевски, за којшто дошло време да биде директно биран, а не на партиска листа.
Поддршката што ја уживал во минантото, сега треба да ја валоризира како иден градоначалник на Прилеп.
Втор посериозен кандидат е Пачешкоски, доскорешен претседател на ОО СДСМ Прилеп и директор на Тутунски Комбинат.
Веднаш по него со речиси исти шанси во членството е и Кристијан Пиличев, прекален партиски борец и човек задолжен за координација на руралните средини, каде што е посебно истакнат.
Се шпекулира дека амбиција има и сегашната претседателка, Петра Лукароска, која што во моментов одлично котира во членството.
Во моментот кога ќе завршат внатрепартиските битки, навремено ќе информираме за резултатот.