Светско, а прилепско: Уживајте во најновото дело на Crossroad Blues Band (Видео)

Беа и останаа единствени, уникатни и светски. Crossroad Blues Band се прилепски бренд кој егзистира од далечната 1997 година.

На составот кој сега го сочинуваат: Давид Нешкоски (вокал и гитара), Бранко Нешкоски (гитара), Зоран Настески (тапани) и Љупчо Шилоски (бас), од неодамна му се приклучија и две девојки со одлични вокални способности.

Се работи за Викторија Стојческа и Александра Трајческа, кои одлично се вклопија како бек вокали на фронтменот Давид Нешкоски.

Бендот го очекуваат голем број ангажмани идната година, а неодамна беа гости на фестивал во Ужице во соседба Србија.

Во продолжение уживајте во нивното најново дело. Се работи за фантастична преработка на блуз композиција која датира од далечната 1965 година.

Видеото погледнете го ТУКА






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.