Светскиот фолклор повторно во Битола, стотици учесници од повеќе земји ќе продефилираат денеска низ Широк Сокак

Општина Битола и фестивалот „Илинденски денови“ кој е дел од „Бит Фест“ Ве покануваат на еден од највпечатливите настани на овој фестивал Фолклорното дефиле-со песна и игра низ битолските улици.

Стотици учесници од земјата и светот ќе продефилираат низ Широк Сокак, носејќи ја убавината на фолклорот, музиката и културното наследство.

Почетокот на дефилето е денеска во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.