Светската куќа на кошарката потсети на најголемиот македонски успех: Пред 10 години Владо извика “Леле луѓе што направивме” (Видео)

Пред точно 10 години, македонските кошаркарски репрезентативци на гости во Литванија во Каунас на Европското првенство испишаа една голема историја која направи секој еден Македонец да се почувствува горд!

Владо Илиевски е името кое направи шок во последните 11 секунди од натпреварот. Тој со својата постигната тројка и донесе на Македонија водство иако нашата репрезентација губеше со 2 поени разлика.

Македонија се пласираеше во полуфиналето, таму загуби од Шпанија, а потоа и во битката за бронза тесен пораз од Русија.

Како и да е четвртото место беше најголемиот успех, а потоа спектакуларен пречек на Плоштадот во Скопје.

На овој меч Илиевски го изговори легендарното: „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!“

Инаку, ФИБА ЕуроБаскер на својот Фејсбук објави видео од овој историски момент за Македонија и напиша:

„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.