Руски виролог кажува кое би било најдоброто и најлошото сценариот во борбата против Ковид-19

Пандемијата на коронавирусот во најодбар случај ќе биде во пад во текот на летото, а во најлошото ќе остане во Русија уште една сезона, изјави рускиот виролог од далекуисточниот федерален универзитет Михаил Шчелканов.

-Најдоброто сценарио подразбира дека со доаѓањето на летниот период, нашите европски и американски колеги сепак ќе успеат да ја одржат ситуацијата под контрола и ќе спречат ширење на епидемиолошкиот бран. Тоа би било одлично, изјави тој.

Според рускиот виролог, во борбата со коронавирусот можно е уште едно сценарио кое е далеку најлошо.

-Најлошото сценарио би било кога целата планета би била зафатена од епидемијата. Тоа значи дека идната зима ќе ја дочекаме на врвот на епидемијата на целата територија на Русија, изјави рускиот експерт.

Сепак, Шчелканов смета дека рускиот систем на биолошка безбедност веќе го решил главниот проблем така што го одложил доаѓањето на новиот вирус во земјата на најмалку два месеци.

Според него, тоа на руските власти им овозможило да развијат систем на тестирање, правење на стратегии за следните чекори, воспоставување на оперативни меѓуресорски соработки и создавање на стратешки резерви.

Да потсетиме, според последните информации во Русија со Ковид-19 се заразени 495 лица, а досега 22 оздравеа.

Извор: “Република.мк”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.