Русија мобилизираше 300.000 лица во неколку часа: Илјадници ја напуштаат државата со карта во еден правец

Соопштението за мобилизација кружи низ светот, по обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека за конфликтот во Украина ќе бидат повикани 300.000 воени регрути. Веднаш штом беше проследено обраќањето, западните медиуми тврдат дека имало експлозија на интернет пребарувања во Русија како да се избега од државата, а потоа и масовно резервирање билети во еден правец и бегство на колона возила од Русија во Финска.

Дали Русите навистина не сакаат да одат во војната на Путин? Кои се тие што бегаат од мобилизација? Дали се тоа руски либерали и дали ќе следи нивниот егзодус? Дали рускиот претседател Владимир Путин на овој начин сака да се ослободи од руските либерали? Одговорот го даде мајсторот за меѓународни односи и воен коментатор Бошко Јовановиќ.

„Што се однесува до самата мобилизација, повторно, тоа не значи дека има криза (во Русија), туку само дека се менува методот на војување. Дека Русите ќе извадат повеќе тенкови. За да управува со новите тенкови потребни се нови екипажи, потребни се нови луѓе, за да се користи новата артилерија, потребни се нови обучени луѓе.

Бидејќи руската армија е повеќе или помалку професионална, има свои резервни сили. Нема да мобилизираат пешадија. ќе се мобилизира технички и стручен персонал кој може да управува со тенкови, борбени возила, да користи артилерија, ракетни системи и секако специјалците кои имаат должност да одржат одредено ниво на подготвеност за да можат да одговорат во секое време до 40-тата година од животот.

За нив ова не е ниту страшно ниту посебно. Русите само менуваат тактика како што кажав. Русите целосно се прилагодија на Украинците и она што го сакаа Украинците, кога ширеа паника на почетокот на конфликтот дека ќе има мобилизација во Русија Путин им ја исполни желбата, Украинците да размислат пред да посакаат нешто“, вели Јовановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.