Рој пчели со денови го следеле автомобилот на жена, затоа што матицата се заглавила во гепекот

roj_pcela

Шеесет и пет годишната Керол Хаурат не знаела дека собрала случаен патник во својот автомобил, додека ги извршувала своите обврски. Кога се вратила до својот автомобил, видела илјадници пчели кои го прекриле целото задно стакло. Уплашена  и збунета, не знаела како да реагира, но набрзо неколку храбри луѓе, меѓу кои и ренџерот од паркот, Том Моузес, пристигнале на помош.

Ренџерот повикал пчелари на помош, кои успеале да ги наведат пчелите да влезат во кутија. Хаурат се вратила дома, по пат размислувајќи зошто се случил целиот хаос. Кога утрото се разбудила, пчелите биле одново тука. Морала да повика тим на пчелари  и доцна вечерта се ослободила од таа огромна војска на пчели, бидејќи матицата била официјално ослободена.

A.Г.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.