“Роналдо доаѓаше кај мене секоја вечер за да му дадам бесплатен хамбургер. Син ми не ми верува кога му кажувам”

Приказната за сиpoмашното детство која Роналдо ја раскажа во интервју на “UK TV” за Пирс Морган, се прошири на целата планета.

Португалецот тогаш говореше за сиpoмашното детство кое го имал. Тој ги повика луѓето да ги пронајдат жените кои му помогнале да не биде гладен во моментите кога немал пари да купи храна додека живеел во Мадеира.

– Имав само 12 години и немав пари. Живеев со другите играчи, мои врсници, од другите делови на Португалија. Ми беше тешко без семејството. Бевме гладни. Се сеќавам дека покрај стадионот имаше ресторан на “Мекдоналдс”, ни даваа хамбургери кои не биле продадени во текот на денот. Во ресторанот работеше жена, се викаше Една и уште две други девојки. Никогаш повеќе не ги видов, вели Роналдо.

Португалецот се надева дека гледачите ќе му помогнат да ја пронајде жената која му помогнала.

– Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам. Сакам да ги повикам во Лисабон или Торино на вечера и да им се оддолжам за се она што го направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам”.

Оваа приказна и интервју станаа вирални во светската јавност, па по неколку дена се појави и жената која му помагала на Роналдо. Станува збор за Паула Леки која ја прифатила вечерата со Роналдо. Како што пренесува радио Ренасценца, Паула секоја вечер ги хранела гладните момчиња кои во Лисабон тренирале фудбал.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.