Мерката есенска кошница со која беше ограничена бруто профитната маржа во трговијата на мало и на големо на 73 производи до 10 отсо завршува денес. Министерството за економија не очекува ценовен шок бидејќи не постои економска оправданост цените да бидат покачени од утре. Заменик министерот за економија Марјан Ристески повика на одговорно однесување од страна на трговците, а доколку се забележи неоправдан пораст на цените ќе се искористат сите расположливи мерки вклучувајќи и инспекции и казни од пазарна – oбјави “АЛФА ТВ”
Мерката ги дала очекуваните резултати, бидејќи целта била да се стабилизараат цените. Ристевски вели цените паднале во просек за 5 до 10 отсо. Во однос на податоците од ССМ дека минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од во септември, Ристевски посочува дека во есенската кошница се вклучени повеќе производи од во синдикалната кошница и заштедата во домаќинствата е околу 20 евра . Се Подготвува и новогодишна кошница, која ќе биде поразлична од есенската, засега не се откриваат детали, но според најавите измените ќе бидат во насока на заштита на потрошувачите.
Инаку на сила е и законот за нефер трговски практики, договорите со маркетите се веќе потпишани и сега е период на мониторинг со што треба да се согледа дали во законот има одредени негативности . Како што вели Ристески, мониторингот ќе трае до Нова Година, па ќе се знае дали треба да има измена на дел од Законот или ќе се применува како што е првично изгласан.
ИЗВОР: “АЛФА ТВ”