Редици верници синоќа во Охрид: Македонска традиција е да се полнат црквите и манастирите (Видео)

Свети Еразмо, како голем столб на Православната црква, го сеел словото Божјо на овие простори.

Стотици граѓани вчера се собраа во охридскиот манастир, да се обратат со искрена молитва, Свети Еразмо да биде нивниот молитвеник и застапник пред Севишниот Бог.

-Мудриот Еразмо, големиот подвижник и свештеномаченик, како добропослушен посредник на сите кои искрено и со вера побарале од него помош и застапништво, секогаш е прославуван достојно и со голема почит од нашиот верен македонски народ. Тоа го потврдија и илјадниците поклоници, кои вчера и денес дојдоја да му се поклонат на денот на неговиот спомен и да Го прослават Бога преку Неговиот светија. Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец и оваа година свечено се одбележува на местото на неговото подвижништво, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, пишува на Фејсбук страната на манастирот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.