Распишана национална потерница за Мијалков, МВР ќе бара и меѓународна

Министерството за внатрешни работи се уште трага по екс директорот на УБК, Сашо Мијалков за да му го врачи решението за куќен притвор одреден од судот.

Бидејќи се уште не е лоциран, од МВР потврдуваат дека по него е распишана национална потерница. Од Министерството посочуваат и дека од Судот ќе побараат распишување на меѓународна потерница за Мијалков.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека предлогот за одределување мерка притвор од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Судот е пристигнато вчера во 15 часот.

-Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решениe со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување, информираат од Судот.

Во петок судот треба да ја изрече пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој обвинет е Мијалков.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.