Властите во Македонија треба да ги убедат своите граѓани, а не Бугарија, дека градат демократска држава во која бугарските клубови не се палат и каде што Бугарите не се изложени на системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси, вели бугарскиот претседател Румен Радев.
Според него, македонската влада може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, рече Радев во изјава за „БГНЕС“.
Бугарскиот претседател повторно се осврна на протоколот во преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ коментирајќи дека во протоколот се учебниците, говорот на омраза, медиумите, отворањето на архивите и извинување за репресии кон уБгарите во историјата, а во тој дел, како што вели бугарскиот претседател, нема прогрес, пишува бугарската новинска агенција.