Пpaтеничката со cкафандepoт од Битола: Не го слушавте Венко ајде тpк на бajaч сега

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ пред неколку месеци објави фотографија на Фејсбук облечена во скафандер посочувајќи дека пристигнува во Собрание за да учествува на седница на која требаше да бидат изгласани антикризните мерки.

Истата пратеничка вчера го навлече гневот на граѓаните откако застана во одбрана на министерот Венко Филипче по несреќата во Тетово во која починаа 14 лица.

Таа им порача на сите граѓани кои не се согласуваат со министерот и бараат одговорност да одат на бајачка.

-Година и пол Венко Филипче ве убедува да се вакцинирате и да се заштитите!! Да не се групирате, да се пазите! Година и пол!!!!! Како да сме 2021 пне!!

Ревносно и разбирливо ви укажуваше СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН какви последици има вирусот и зошто треба да се пазите!! Ама нееееееееееее!!!

Секоја почит за министерот!
Ајде трк на бајач сега
, пишува Стојчевска.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.