„Пушкаш Арена“ сјае во Будимпешта: Орбан вложи 600 милиони евра за – Евро 2020 (ФОТО)

Унгарија синоќа го отвори својот најголем, најмодерен и најскап спортски објект, во кој се инвестирани 600 милиони евра – „Пушкаш Арена“, стадионот на кој ќе се играат мечеви од Евро 2020, а идното лето на него би можела да заигра и макеоднската фудбалска репрезентација ако преку мартовските баражи успее да се пласира за првпат на еден континентален собир.

Унгарците играа пријателски меч со Уругвај, на кој триумфираше бившиот светски првак со 2-1 со голови на Единсон Кавани и Бриан Родригез, но во фокусот беше модерното здание кое е изградено на местото на стадионот „Неп“, отворен во 1953 година. Прекрасниот фудбалски објекс, на кој сигурно во иднина ќе гледаме и финале во Лигата на шампионите, има капацитет од 68.000 гледачи и чинеше 620 милиони евра.

Нормално, Арената е именувана по најголемиот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш, а почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој го отвори и стариот „Неп“. На новата убавица во Будимпешта на Евро 2020 ќе се играт три меча од групната фаза и едно осминафинале.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.