Путин се виде во “небрано”: Жена го праша дали е можно да се живее со 157 евра месечно (Видео)

Сиромашна жена од родниот град Санкт Петербург, му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин и го праша дали може да се живее со 157 евра.

Вели дека е инвалид и го праша Путин како е можно да се живее со толку малку пари во Русија. Поточно, минималниот износ за егзистенција во Санкт Петербург е 164 евра.

Жената го прашуваше Путин и за цената на киријата, продуктите и другите неопходни животни потреби, алудирајќи на тоа дека претседателот не знае како живеат сиромашните луѓе во неговата земја.

„Мислам дека е многу тешко“, одговори Путин.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.