Проеска е изборот на Крушево, Норово, Алданци, Пресил, Борино… Сите сплотени за подобро утре (Фото)

Kaндидатката за градоначалник на Крушево од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска, се чини дека успева да ги обедини сите граѓани и жители на населените места.

Проеска деновиве оствари средби со жителите од населените места Норово, Алданци, Пресил, Борино, Бучин… а атмосферата според жителите е секаде иста, се бараат промени за подобар живот и подобро утре.

Крушевчани и жителите од сите населени места, од сите етникуми пренесуваат еден куп нерешени проблеми кои им го отежнуваат секојдневниот живот.

Проеска ветува дека во нејзината програма има проекти без исклучок за сите и ветува дека ќе донесе многу работа и нова иднина за општина Крушево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.