Продолжуваат теренските активности за подобрување на комуналната инфраструктура и одржување на јавните површини во општина Кривогаштани.
Екипи на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани деновиве реализираат повеќе работни активности во селото Славеј, насочени кон подобрување на условите за живот на локалното население.
Една екипа работеше на активности поврзани со приклучување на канализациската мрежа, со цел унапредување на комуналните услуги и подобрување на инфраструктурните услови за жителите.
Истовремено, друга екипа беше ангажирана за чистење и косење на банкините, со што се придонесува за подобро одржување на јавните површини и почиста околина.
Од ЈП „Пелагонија“ посочуваат дека продолжуваат со редовни активности на терен, во насока на подобрување на комуналните услуги, одржување на населените места и создавање поквалитетна животна средина за сите жители на општина Кривогаштани.
























