Проблеми за кралството: 250.000 луѓе на улица во Шкотска бараа независност од Велика Британија (Видео)

Илјадници Шкоти денеска излегоа на улиците на Единбург во знак на поддршка за независност од Велика Британија.

Помеѓу демонстрантите беше и пратеничката од Шкотската национална партија (SNP) Џоана Чери, која пред шкотскиот суд покрена постапка, за да се осигура дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе го почитува законот, според кој е приморан од Европската Унија да бара одлагање на “Брегзит”, доколку не се постигне договор со Брисел.

“Каков ден! 250.000 маршираа со нас за независност во Единбург”, напиша на Твитер Чери.

“Не можев да бидам физички со вас, но ќе бидам со духот. Ви посакувам пријатен ден. Немојте да се сомневате-независноста доаѓа”, одговори со твит шкотската премиерка која потекнува од истата партија, која се противи на “брегзит”.

Протестите ги организираше групата “Сите под едно знаме”, која во 2014 година ја основаше активистот Нил Мекеј, со цел отргнување на вниманието на јавноста од шкотскиот национализам.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.