Прилеп ќе добие министер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ?

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена, каде се осврна и на гостувањето на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, во програмата на “РАДИО ПЕЛА”.

Според Момироски, Ристески би можел да биде идниот министер или заменик министер во ресорот Локална самоуправа, доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира новата влада.

-На својот 52 годишен роденден,роденденски во интервју на Радио Пела екс градоначалникот Марјан Ристески се пофали дека бил едукатор – предавач на семинари и средби со градоначалници во Сокобања во Србија. Притоа Ристески убедува дека седум години тој молчел, ама еве сега решил јавно да проговори.Најверојатно тргнал од митот: 7 дена во неделата, 7 светски чуда, 7 топ планети 7 случајни средби…Го слушам Мацио како кажува за основните принципи и норми во една Општина. Кажува како треба нормално да функционира една современа локална самоуправа. Ама кога сака да направи споредба со нашава во Прилеп, како голема кнедла во грлото да му застанава, па со вода ја поттурнува. Кажува Мацио дека не треба прекубројна туку искусна администрација, дека е неопходна база на готови проекти изработени од и во локална самоуправа , ама самиот знае дека во Општината каде што сега работи како комунален инспектор такво нешто нема!!! Се обидува да ,,покрие,,ама ќебето што му го дале ептен е кусо. Се кажа како треба да биде, само две клучни работи не кажа. Првата, како граѓаните пред избор да го препознаат вистинскиот кандидат што си го сака градот и сака да се вложи во развојот на градот и како да го препознаат кандидатот кој зборува за градот а мисли за својот џеб, за своите бизниси и за своите лични интереси!!! И втората работа што не ја кажа ,а со тоа и не даде одговор на прашањето ДАЛИ ОД СЕКОЕ ДРВО МОЖЕ КАВАЛ ДА СЕ ПРАВИ ?!? Без конкретни одговори на овие прашања преку ораторски способности Ристески се обиде , ама до крај не успеа да не убеди во сегашната прилепска реалност. За мене остави впечаток дека човекот си тера, така наречена скриена изборна кампања за својата матична партија и за својата следна кариера алудирајќи за министер или заменик министер во локална самоуправа, се разбира ако партијата на која и припаѓа , победи на следните избори и доколку формира влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.