Прилеп пoкaжa дека e жeлeн за кyлтypни нacтaни: Пpeпoлнa caла пeeше и уживаше во стapoгpaдска македонска пecна (Фото/Видео)

Синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, пред преполна сала, свој годишен концерт одржа Октетот Прилеп.

Со концертот се одбележа 25-годишнината од постоењето на овој музички состав кој низ годините стана вистински амбасадор на градот.

Исполнетата до последно место сала уживаше во прекрасните звуци на староградската македонска песна, а концертот го збогатија естрадните пејачи Ленче и Горан Куќиќ, Сафедин Бајрамоски и вокалистиките Викторија Стојческа и Ана Митоска Стојаноска.

Една преубава атмосфера која траеше повеќе од два часа, а ниту еден од присутните не посака да ја напушти големата сала во “Марко Цепенков”.

Концертот која ја одбележа 25-годишнината на Октет Прилеп е само доказ дека градот е желен за културни настани, дека на Прилеп и прилепчани им се потребни вакви музички претстави и дека треба што почесто да се случуваат.

На Октет Прилеп им посакуваме да стигнат и до 100-годишнината од нивното постоење и уште многу, многу вакви успешни настапи дома и надвор од Прилеп.

А за сите останати кои го пропуштија синоќешниот концерт еве неколку видеа за да почувствувате дел од прекрасната атмосфера:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.