Прилеп и Македонија треба да се гордеат! Борјан Јованоски шести на светската ранг листа, а Македонија ја искачи на високото осмо место (ФОТО)

Изминатиот викенд, во периодот од 9-12 мај, во Валона, Албанија, се одржа Европски Куп во параглајдерство. На натпреварите учество зедоа 70-тина пилоти од над 20 држави.

После 7 рунди, македонскиот најдобар параглајдерист од Прилеп, Борјан Јованоски, повторно го развиори македонското знаме и го освои одличното второ место, со освоени само 7 негативни поени.

Ова е одличен успех за Борјан, кој после овој резултат и успехот во Турција, сега се наоѓа на шестото место на Светската ранг листа.

Неговите остварувања се заслужни што сега и Македонија е рангирана на осмото место во светот.

Следниот Европски Куп е во Маврово, а ќе се одржи овој викенд, додека пак финалето на Европскиот Куп ќе се одржи на есен во Прилеп.

Ова е доказ колку високо котира прилепскиот параглајдинг на европско и светско ниво. Од тимот на Јованоски информираат и дека оваа есен ќе настапат и на Светското првенство кое ќе се одржи во Вршац, Србија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.