Прилеп врие од неверојатни таленти: Млaдиот пијанист Арсениј Ангелески стана државен првак на Македонија (Видео)

Нa 57-от по ред Државен натпревар за ученици во основно музичко училиште, кој се одржа од 11-13 април 2019 во Скопје, настапи и талентираниот ученик Арсениј Ангелески од основното музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп.

Арсениј уште еднаш го покажа својот огромен талент и стана државен првак на Македонија во прва В категорија со 99 поени.

Младиот пијанист е во класата на професорката Христина Никоска.

Слушнете го и уживајте во неговиот настап:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.