Прилеп викендов се сели на Тераса: Следуваат две вечери со жива свирка со наши одлични млади прилепчани

Прилепчани ги очекува уште еден незаборавен викенд во Terasa Pub Club, место кое веќе стана синоним за добра забава, квалитетна музика и врвна атмосфера. Овојпат, програмата носи две вечери со жива свирка кои ветуваат исполнет викенд за сите љубители на добар звук и дружење.

Петок, 22.05. е резервиран за уште една незаборавна вечер заедно со дечките од METROPOLIS BAND, наши прилепчани кои станаа препознатливи по добрата забава која што ја приредуваат и по одличниот вокал на Бранко Смоквоски.

Саботата, 23.05. на Tераса ново одлично дружење со нашата прилепска тин атракција – LOCKDOWN BAND

Помеѓу двете вечерни забави, искористете го саботниот ден за опуштено кафе-дружење со пријателите, семејството и најблиските на најубавата тераса во Прилеп – совршено место за релаксација и уживање во пролетната атмосфера.

A дека Тераса е место за секој ден и дека секој период од денот може да се претвори во забава, најдобро можете да видите од нивната НОВА и единствена во Прилеп ваква понуда:

Од денес, правилата за добра забава во Прилеп се менуваат! Неограничена пијачка по специјална цена, ова е новиот хит за престојното лето

Не чекајте друг да ви раскажува, резервирајте го вашето место навреме на 070 304 967 и обезбедете си незаборавна вечер!

Се гледаме на ТЕРАСА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.