Социјалните мрежи вријат, прилепчани секојдневно се жалаат дека снемуваат електрична енергија, секој ден во некое маало, а во некои денови и во поголеми делови од градот.
Велат струја снемува редновно во изминатите две недели. Голем број граѓани се жалаат на прегорени телевизори и други апарати од бела техника.
Најмногу страдаат тие кои во овие студени денови се греат со клима уреди, а дома имаат мали деца.
Од ЕВН постојано информираат за дефекти и работа на терен во различни делови во градот, но граѓаните велат дека во изминатите две недели дефектите се зачестени, а во некои градски маала струја снемува речиси редовно во различни периоди од денот.
Граѓаните стравуваат што ќе прават во наредните месеци, кога температурите ќе паднат далеку под нулата, па веќе бараат алтернативи за затоплување на домовите.