Прилепчани пpoкoцкaa тpиyмф во последните минути од гocтyвањето кај Бyтел

Во драматичен натпревар од 1. коло на ракометната машка Супер лига, во Скопје екипата на Бутел со минимални 28:27 постигна победа над Прилеп.

Мора да се каже дека прилепскиот тим беше поблизу до победата. На полувреме водеше со 14:13, а и во вториот дел се беше по планот на тренерот Горан Кузманоски, практично до самиот финиш.

Драмата се случи по водството од 27:25 за Прилеп. До крајот не беше постигнат ниту еден во полза на гостите, а примени три гола.

При 27:27 Прилеп организираше напад, се чинеше дека има најмалку нерешено в џеб, но топката им беше доделена на домашните.

Во последните секунди од мечот Бутел постигна победоносен гол и конечниот резултат е 28:27.

Следниот меч, од 2. коло е Прилеп – Металург, в среда во 18.30 часот, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.